Моќните полски тенкови Леопард 2 ќе пристигнат во Украина за неколку недели

Од:

Полска ќе и испорача 14 напредни тенкови Леопард 2 на Украина во следните две до три недели, јавува Си-Ен-Ен. Цитирајќи го полскиот шеф на дипломатијата, Си-Ен-Ен наведува дека испораката на тенковите ќе се совпадне со завршувањето на обуката на украинските војници за употреба на тенкот во Полска.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина, додаде дека Варшава поддржува испраќање борбени авиони во Киев, но истакнува дека за таков потег е потребен консензус меѓу членките на НАТО.

„Исто како што беше случајот со тенковите, се надеваме дека оваа коалиција ќе биде доволно голема за да ги поддржи Украинците што е можно повеќе. Авионите се исклучително корисни во украинската војна“, рече Јасина, а потоа додаде: „Сепак, ние сме членка на НАТО и сакаме да постигнеме договор во сите такви одлуки за да учествуваме заедно. Алијансата е посилна кога сме заедно“.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област