СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е очајна, во натпревар со Левица зборува за војни

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ во очај станува се порадикална и поекстремна во своите настапи и своето дејствување. Се што оваа партија прави е свовиден натпревар по екстремизам со политичката партија Левица чиј што заложник е“, соопшти СДСМ.

„Во таа насока е и тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој од Собранието зборува и се заканува со војни и конфликти.

Во 2023 година, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ се закнуваат со војни и конфликти, што само го потврдува степенот на очај и слабост во партијата предводена од Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спремни да ја втурнат државата во хаос и безредие, во меѓуетнички конфликт, тоа се обидоа да го направат и за време на Европскиот предлог, а сега кога државата повторно е пред клучни решенија, тие повторно се закануваат.

Но колку и да посакуваат такви црни сценарија, СДСМ, граѓаните, сите демократски сили нема да дозволат тоа да се случи.

Деструкциите и заканите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица одново ќе бидат поразени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ