Директорот на ЦИА го предупредил Зеленски: Западната воена поддршка за Украина може да се намали

Од:

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс, наводно, го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека западната воена поддршка за Украина може да се намали.

Според американскиот портал „Политико“, како што пренесува Раша Тудеј Балкан, два месеци по средбата со неговиот руски колега Сергеј Ниришкин во Анкара, во ноември минатата година, Барнс побарал од Зеленски украинската армија да напредува на бојното поле како што е можно побрзо, со предупредување дека западната воена поддршка може да се намали.

Овие тврдења, кои се однесуваат на двајца неименувани украински функционери, ги пренесува американскиот портал „Политико“ во текст со наслов „Западот се уште не знае како изгледа победата во Украина“.

Наводното предупредување на директорот на ЦИА дојде во услови на очекувања дека Претставничкиот дом на САД, под контрола на републиканците, ќе побара да се намали воената поддршка за Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО