Судскиот совет ја предложи Елизабета Дуковска за член на Уставниот суд

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 431 седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го усвои предлогот до Собранието за судија на Уставниот суд од редот на судиите да биде предложена судијката од Апелационен суд Скопје Елизабета Дуковска.

Дуковска се предлага на местото на судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат истече.

Судијката од Апелационен суд Скопје Елизабета Дуковска беше предложена од членот на Судскиот совет Зоран Герасимоски.

Дуковска дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 19 октомври 1987 година, правосуден испит положила во Скопје на 15 февруари 1990 година. Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I – Скопје на 19 март 2004 година, каде постапувала по предмети во стечајното одделение.

Од јули 2007 година работела како стечаен судија во Основен суд Скопје II – Скопје, а на 19 ноември 2009 година е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.

Освен Дуковска, за членови на Уставниот суд беа предложени и судијката Татјана Сусулеска од Апелационен суд Битола и судијката Антоанета Димовска.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, пред гласањето рече дека неспорно сите три предлози се со долгогодишно искуство, но за неа лично поприфатлив е предлогот на Герасимоски.

– Судијката Елизабета Дуковска сметам дека е најсоодветниот кандидат, изјави Дамева.

Изборот на функцијата судија на Уставен суд е со мандат од девет години.

Би можело да ве интересира

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

Судскиот совет тврди: Половина од судовите лани биле неажурни

Горан Наумовски

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски