Британското разузнавање: Русите ќе го прогласат падот на Бахмут на годишнината од војната

Од:

Русија ќе објави дека го освоила источноукраинскиот град Бахмут на годишнината од инвазијата, без оглед на фактите на теренот, соопшти утринава британското Министерство за одбрана во извештајот на своето воено разузнавање.

Во извештајот се наведува дека руските сили продолжуваат со повеќекратните офанзивни операции во источна Украина, вклучувајќи ги и нападите врз градовите Вуледар, Кремина и Бахмут. Но, притоа тие трпат огромни загуби.

Британското Министерство за одбрана тврди дека како што се приближува првата годишнина од војната (24 февруари), руските сили ќе бидат под зголемен притисок да покажат напредок пред нивните претпоставени.

„Веројатно Русија ќе го прогласи падот на Бахмут во време што се совпаѓа со годишнината од војната, без оглед на фактите на теренот“, се вели во извештајот.

Силите се обидуваат да го освојат Бахмут од јули, при што целосно го уништиле градот, но успеале да освојат само неколку села во околината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО