„Политичката партија Македонски Концепт, јавно реагира и искажува незадоволство поради несоодветните изјави на бугарската шовиниска Јотова, која во моментов извршува функција потпретседател на Бугарија. Тоа е доказ дека бугарскиот шовинизам насочен против Македонија и Македонците е државна политика на Бугарија, а не инцидентна пројава на одделни бугарски политичари“, велат од Македонски Концепт.
„Последната изјава на госпоѓата Јотова, дадена во центарот на Скопје, во која македонските граѓани ги прогласува за дел од т.н. „бугарска нација“ е нарачана провокација за продолжување на тензиите помеѓу двете земји и за минирање на напорите на ЕУ за проширување во западен Балкан. Исто така, тоа е мешање во внатрешните работи на земја – кандидат за членство во ЕУ, што е тотално неприфатливо однесување, особено за земја членка на Унијата.
Бараме ЕУ да реагира на ваквите провокации, да побара од Бугарија напуштање на политиките од 19ти век, да се огради од ваквите бугарски ставови дадени под европско знаме, ако сака било каква почит кај Македонците.
Исто така бараме од сите разумни Македонци со бугарско убедување, да се оградат и јасно и недвосмислено да се изјаснат како дел од современата македонска нација и да дадат поддршка на новиот граѓански Устав, како дел од планот за Македонија од 22ри век.
Македонската влада, особено МНТ и Османи да побараат извинување од Јотова, објаснување од бугарското МНР и понатамошно воздржување на бугарските официјални претставници од било какви провокации од ваков тип“, се наведува во соопштението на Македонски Концепт.