СДСМ: Сите пратеници имаат мандат од граѓаните, во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ немаше во Програма уставни измени

Од:

„Сите пратеници во Собранието имаат мандат добиен од граѓаните да решваат и носат одлуки важни за граѓаните и државата, вклучително и за Уставот. Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваат довербата од граѓаните и свесно и намерно ја блокираат и опструираат работата на Собранието е нивна одлука која граѓаните ќе ја ценат и соодветно казнат“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во 2014 немаше во својата Програма, но 2014 отвори расправа за измени во Уставот за да воведе зони на слободна трговија таканаречен „даночен рај“ на територија на државата.

ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година, во зенитот на својот режим на мала врата се обиде да го измени Уставот, а денеска кога предвидените уставни измени носат придобивки за граѓаните и го забрзуваат процесот на евроинтеграција се противи со неосновани приговори.

Аспурдни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој за што имал мандат и оваа партија предводена од Христијан Мицкоски одново се става на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ