Приведен велешанец поради прикажување порнографски материјал на малолетничка

Од:

Вчера во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 52-годишниот Р.Б. од Велес, извести МВР.

– Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски