(ВИДЕО) Костовски: Аболицијата на Иванов пропадна, ВМРО-ДПМНЕ останаа единствени во одбрана на криминалците

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ останаа единствените кои го бранат криминалот и криминалците во државата. Два дена по одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ниту Христијан Мицкоски, ниту кој било од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да им се извини на граѓаните за неуспешниот одби криминалците да бидат аболицирани“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Напротив, оваа партија е единствената која преку соопштение не само што не ја поздрави одлуката на Европскиот суд, туку уште повеќе застана во одбрана на криминалците во своите редови.

Одлуката на судот во Стразбур е јасна – тоа е победа на правната држава, победа на правото и на аргументацијата на тимот од Владата.

Пропаднаа обидите и на Ѓорѓе Иванов и на подносителите на тужбата, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат ослободени без воопшто да им се суди.

Одлуката на Европскиот суд е охрабрувачка и за македонското судство затоа што подносителите ги упатува да ги искористат сите правни лекови пред македонските судови, со што се разбива уште една лажна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ судството било под контрола на СДСМ.

Домашните правосудни органи сега треба до крај да ги спроведат сите отворени предмети и случаи.

За СДСМ градењето на силен, независен правосуден систем останува врвен приоритет. Продолжуваме со креирање и спроведување на потребните реформи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го брани криминалот“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО