СДСМ: Молк на Мицкоски за одлуката од Стразбур, нема спас за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Христијан Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, нема доблест да им се извини на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, за заштита на криминалот и криминалците во нивните редови, уште еднаш, се покажа неуспешен“, велат од СДСМ.

„Со одлуката на судот во Стразбур победи правдата и правната држава.Пропадна незаконската аболиција со која Ѓорѓе Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност.

Затоа што целта на аболицијата на Иванов беше за да се спасат од судско гонење, нивната цел беше да нема воопшто ниту судски процес.

Одлуката на Стразбур значи дека нема помилувања, туку продолжување на сите постапки пред независните македонските судови.

Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ