Данската кралица Маргарета Втора (82) досега се сретнала со бројни светски лидери, а особено за паметење е средбата со актуелниот руски претседател Владимир Путин, пишува новинската агенција ДПА.
Маргарета двапати се сретна со Путин во 2011 година, а тие повторно се видоа на 70-тата комеморација на Денот Д, односно воената инвазија во Нормандија.
Кралицата рече дека се сеќава дека помислила дека не е пријатна личност.
– Никогаш во животот не сум видела толку ладни очи – рече Маргарета.
Кралицата на Данска изјави дека внимателно ги следи настаните во Украина и дека е импресионирана од истрајноста на Украинците.
Таа го окарактеризира украинскиот претседател Володимир Зеленски како „вистинскиот човек во вистинско време“.
Маргарета ја прогласи за многу важна одлуката на Европа да испрати борбени тенкови во Украина.
– Путин мислеше дека може да ја распарчи Европа, но не обедини – изјави 82-годишната данска кралица.