Зеленски го повика Западот да не ја одложува испораката на оружје за Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика Западот да не ја одложува испораката на оружје за Украина, бидејќи тоа само ќе го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да освојува други земји и да го обнови „советскиот блок“. „Одложувањето беше и секогаш ќе биде погрешно“, рече Зеленски во видео обраќањето на безбедносната конференција во Минхен. „Мораме да забрзаме, мораме да го ограничиме рускиот потенцијал. Животите зависат од брзината! тој додаде.

Според него, додека Западот разговара за испорака на тенкови и борбени авиони во Украина, Кремљ купува време и размислува да ја „задуши“ Молдавија. „Украина не е последната станица на Путин, тој ќе продолжи по тој пат, вклучувајќи ги и сите земји кои некогаш го сочинуваа советскиот блок“, истакна Зеленски.

Осврнувајќи се на идејата дека е време да се преговара со Москва за завршување на војната, тој рече дека „нема компромис за слободата“.

Зеленски оцени дека новата руска офанзива нема да вроди со плод и дека е малку веројатно Белорусија директно да се вклучи во војната бидејќи нема ресурси и нејзините војници не сакаат да се борат против соседна Украина.

И покрај предупредувањата за можни лоши сценарија доколку Западот не му достави повеќе оружје, Зеленски посочува дека нема алтернатива за победата на Украина, која докажа дека може да се брани со воена помош. Голијат мора да загуби и нема алтернатива за тоа. Нема алтернатива за победата на Украина, нема алтернатива за Украина во ЕУ и во НАТО“, нагласи Зеленски.

Тој ги отфрли критиките дека Украина страда од „ендемска корупција“, но вели дека во секоја војна има профитери. „Дури и во војната ние се реформираме, а повоена Украина уште посилно ќе се бори против корупцијата“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател говореше на отворањето на Минхенската безбедносна конференција, традиционален собир на високи функционери и експерти за одбрана, пред првата годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски