Албанскиот премиер Еди Рама во четвртокот вечерта за ТВ Клан изјави дека Србија мора да го признае Косово.
Како што посочи, Србија мора да побара прошка за сите воени злосторства извршени на територијата на Косово, како и дека Албанците мора конечно да се обединат.
Тој додаде дека има добри односи со премиерот на приштинските институции, Албин Курти, со оценка дека нивните средби се „инспиративни“, но додаде дека двајцата се разликуваат по пристапот.
„Албанците мора да се обединат. Секако дека Курти го сака истото, но јас размислувам поинаку за патот до тоа. Мислам дека мојот пат е пократок, но Курти треба да одлучи што треба да направи Косово“, нагласи албанскиот премиер.