„Одисеј“ во режија на Поповски и текст на Стрефановски најдобра претстава на „Пургаториј“

Од:

Претставата „Одисеј“ во режија на Александар Поповски, а текст на Горан Стефановски, е прогласена за најдобра претстава на Фестивалот на медитеранскиот театар „Пургаториј“, што се одржа во Тиват.

Одлуката со мнозинство гласови донесе жирито во состав: Дарко Антовиќ – професор театролог, Зоран Живковиќ – продуцент, Весна Вујошевиќ – актерка, Драгана Трипковиќ – драматург и публицист.

„Одисеј“ е претстава во заедничка продукција на  театрите „Улиси“ и „Гавела“ од Загреб, на „Српското народно позориште“ од Нови Сад, „Словенечкото народно гледалишче“ од Марибор, „Ателје 2012“ од Белград и „Треатар навигатор“ од Скопје.  Музиката во претставата е на македонската група Фолтин.

Наградата за најдобро актерско остварување ја добија Озрен Грабариќ за улогата на Одисеј и Елизабета Кукиќ за улогата на министерката Живка во претставата „Госпоѓа министерка“.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање