ВИДЕО: Возовите во Турција по земјотресите станаа засолниште за илјадници жртви

Од:

Возовите во Турција станаа прибежиште за илјадници луѓе во неволја по земјотресите.

Во градот Османије луѓето веќе десетти ден живеат во вагони во тешко погодената провинција Хатај.

Возот го опслужува хуманитарната организација „Афат“. Сите жители на железницата користат една фонтана на платформата, од која тече само студена вода.

Повеќе од 42 илјади се веќе жртви на земјотресот што ги потресе Турција и Сирија, а последователните потреси се над 4.300. Многу од спасувачките тимови престанаа да бараат преживеани, а луѓето кои останаа без домови бараат место за продолжување на животот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Земјотрес ја погоди Црна Гора