Блок 2 на РЕК Битола исклучен во следните две недели

Од:

Во РЕК Битола започнаа активностите за санација на Блок 2. Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели информираат од РЕК Битола.

-Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.
Блок 2 до искучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните 8 години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“