(ВИДЕО) Хрват пред две недели беше спасен од океанот, сега полицијата го бара за шверц на кокаин

Од:

Австралиската полиција уапси еден и трага по уште двајца мажи кои беа спасени од океанот на 1 февруари. Од давење ги спасил пренослив фрижидер за кој се држеле, а на полицијата и објасниле како ловеле риба кога им се превртел чамецот. Меѓутоа, подоцна на најмалку две локации биле откриени 365 килограми кокаин, а полицијата го поврзала со нив. Тие се осомничени за вмешаност во меѓународна испорака на дрога.

Уапсениот маж, Аристидес Авлонтис, се соочува со обвинение за увоз на дрога наменета за продажба, соопшти австралиската федерална полиција (AFP). Полицијата се уште трага по Мато Стипинович (49) и Карл Витбурн (45), од кои едниот е регистриран сопственик на превртениот чамец. Се верува дека двајцата се во австралиската сојузна држава Западна Австралија, пишува Би-Би-Си.

Властите првично ја пофалија тројката што беше спасена во близина на островот Еклипс, 17 километри јужно од Албани, Западна Австралија, објавувајќи соопштение за печатот во кое се вели дека случајот „ја истакна важноста од носење елеци за спасување“. Меѓутоа, локалната полиција набрзо открила недоследности во приказната за триото и ја контактирала федералната полиција која започнала истрага.

Вршителот на должноста командант на АФП, Грем Маршал, рече дека заплената на дрогата ќе им нанесе „значаен удар“ на криминалците.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ