Бислимоски: Во јануари домаќинствата имаат за 14 % просечна заштеда на електричната енергија

Од:

Домаќинствата за 14% ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија располага, а се од Електродистрибуција. Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 GWh (349.830.666 kWh), додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на електрична енергија и истата изнесувала 408 GWh, известува РКЕ.

„Од јануари од како на сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 %, споредбено со истиот период од минатата година“, изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 % се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 %.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он