Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик

Од:

Општина Центар обезбедува бесплатно орално здравје за децата во социјален ризик од сите три матични градинки „13 Ноември“, „Корчагин“ и „Кочо Рацин“ и сите објекти клонови или вкупно 11 објекти. Преку овој проект покрај поправката на запчиња децата ќе може да добијат и корисни совети за правилното четкање на забите и важноста за редовно одржување на оралното здравје.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вели дека важноста на одржување на оралното здравје има суштинско значење во квалитетот на животот и самодовербата кај децата која ја носи здравата насмевка.

„На мое задоволство оваа година го прошируваме проектот и ги вклучуваме и децата од градинките. Здравите запчиња не значат само убава насмевка туку правилно функционирање на организмот и во целост. Одржувањето на оралното здравје треба да се практикува уште од најрана возраст и токму тоа е нашата цел, дечињата уште од мали да стекнат навики за редовно миење и правилно четкање на запчињата“, посочува Герасимовски.

Досега бесплатни прегледи на Стоматолошкиот факултет добиваа ученици од основните училишта во Центар кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а оваа година покрај децата од градинките бесплатни стоматолошки прегледи добиваат и сите пензионери во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар