СДСМ: Коалицијата и парламентарното мнозинство се стабилни, одлуката на ДС не менува ништо

Од:

„Одлуката на Демократскиот сојуз да премине во опозиција во суштина не менува ништо, владината коалицијата и парламентарно мнозинство се силни и стабилни и успешно ќе може да продолжат да ги носат важните закони во Собранието за реформите во економијата и за европскиот пат на државата. Во текот на вчерашниот ден беа усвоени Законите за Иницијативата Отворен Балкан и Договорот со ФРОНТЕКС, од интерес на сите граѓани“, соопшти СДСМ.

„Добро е што Демократскиот сојуз и пратеникот Павле Трајанов и понатаму го поддржуваат европскиот пат на државата. Ова е важно за иднината на нашата земја.

СДСМ и владејачкото мнозинство е отворено за соработка и со други партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат.

Уверени сме дека има и пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои што се подготвени да се ослободат од заложничката ситуација во која ги сместија Апасиев и Мицкоски“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски