СДСМ: Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги ратификуваше законите од Иницијативата Отворен Балкан, важни за граѓаните и македонската економија во целост. Отсега, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци“, велат од СДСМ.

„Тоа ќе значи унапредување на заедничкиот пазар и зголемување на мобилноста на работната сила во регионот.

За овие закони исто како и за многу други закони важни за државата и граѓаните, оратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.

Наместо на своите работни места, наместо во салата, пратенциите од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од неа, целосно игнорирајќи ја потребата на граѓаните за носење на овие важни закони.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување, продолжува да кочи и блокира се што е важно за државата“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје