Киев воведе санкции за уште 200 руски граѓани и поединци поврзани со Русија, вклучително и советници на Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска донесе одлука на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина да воведе санкции против уште 200 руски граѓани и лица поврзани со Русија, вклучително и советниците на рускиот претседател Владимир Путин – Јуриј Ушаков и Лариса Бричова. Соодветниот декрет е објавен денеска на веб-страницата на претседателскиот кабинет на Украина, пренесе ТАСС.

Агенцијата наведува дека уредбата влегува во сила од денот на објавувањето. Санкциите се наметнуваат на поединци, вклучително и некои руски политичари, политиколози, менаџери и вработени во државни претпријатија, за период од 50 години.

Поранешниот шеф на колегиумот на Воено-индустриската комисија на Владата на Русија и заменик-шеф на канцеларијата на руската влада Игор Боровков, заменик-шефот на „Ростехнадзор“ Алексеј Ферапонтов, шефот на Дирекцијата на Северниот морски пат Вјачеслав Рукша се меѓу санкционираните.

Значителен дел од санкционираните се претставници на руската државна компанија Росатом.

Покрај тоа, на списокот е вклучен и еден државјанин на Украина, директорот на АЕЦ Запорожје Јуриј Черничук.

Би можело да ве интересира

Украина и Русија тајно започнуваат нови преговори објави Financial Times

Кремљ му се закани на германски гигант за производство на оружје

Русите го нападнаа Киев, 19. пат месецов, има повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите влегоа во Селидово, источниот фронт се распаѓа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите напредуваат, се поблиску до клучниот град

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ