Во Карпош уапсен бегалец од „Идризово“

Од:

На 12.02.2023 во 12 часот во близина на трговски центар во скопски Карпош, полициски службеници го уапсиле Д.М. (39) од Скопје.

Тој се барал по централна потерница, врз основа на наредба од Казнeно-поправна установа „Идризово“, каде бил осуден на казна затвор во трање од 7 години и 3 месеци за сторени кривични дела разбојништво, по член 237 и тешки кражби по член 236 од Кривичниот законик, каде за доиздржување имал уште околу 2 години и 3 месеци. Воедно, за него била распишана и централна потерница од ЕВР Бит Пазар за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела. Д.М. е приведен и при извршен службен разговор признал едно разбојништво, кражба, како и десетина тешки кражби од возила, извршени во текот на јануари и февруари 2023 година, на подрачјата на ЕВР Карпош и на ЕВР Центар.

Тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски