Ви благодариме за вашиот принципиелен и енергичен пристап, два квалитети кои останаа константни во оваа борба за Европа. Се борам за враќање на Украина во Европа, каде што е дома“, рече претседателот на Украина Влодомир Зеленски во обраќањето пред шефовите на држави на самитот на ЕУ.
Вредноста на животот во Русија е уништена, само оние во Кремљ имаат вредност. Русија го гледа својот народ како тела што може да носи оружје. Рускиот режим ја мрази секаква социјална правда и различност, ја поттикнува ксенофобијата, се обидува нехуманата реалност од 1930-тите и 1940-тите да ја направи реалност денес. Русија сака да го уништи европскиот начин на живот. Тоа нема да го дозволиме, рече Зеленски.
Зеленски вели дека Русија е „најголемата антиевропска сила во светот“ и дека рускиот претседател Владимир Путин е „диктатор со огромни залихи и резерви на советско оружје и оружје од диктаторските режими – особено од Иран“.
Тој се заблагодари на поддршката што им ја дадоа на Украинците луѓе од градовите низ Европа во оваа „историска битка“. Пратениците неколкупати со аплауз го прекинаа говорот.
Европа секогаш ќе биде Европа се додека сме заедно и се грижиме за европскиот начин на живот, рече Зеленски.
„Ве поканувам сите во Украина. Слава на Украина“, рече тој на крајот од својот говор.