Помош од Општина Аеродром за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Од:

Советот на Општина Аеродром на вонредна седница која се одржа синоќа донесе одлука за донирање парични средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Освен парична помош општината Аеродром ги става на располагање сите свои расположливи капацитети, а во насока на побрзо надминување на состојбата во која се наоѓаат погодените градови од земјотресот.

„Денешната седница беше свикана на иницијатива на градоначалникот Муцунски. Хуманоста во вакви моменти е важна. Турција е наша пријателска земја и токму поради ова од буџетот на општина Аеродром одвоивме парични средства со кои пружаме рака за помош и помагаме на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“, истакна Претседателот Митески по завршување на седницата.

Општина Аеродром уште еднаш упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он