По мечот со Црна Гора, македонската делегација поднесе жалба за последниот напад на нашите кошаркари, што претставува материјална повреда на правилата.
Капитенот Антиќ ја потпиша жалбата веднаш по крајот на мечот, а се очекува за ова да заседава натпреварувачката комисија на ФИБА, пренесе порталот МКД.мк.
Речиси е неверојатно дека ФИБА може да го поништи или да го смени резултатот, но нашите официјални лица се растрчаа и очекуваат позитивен епилог.