На првиот натпревар на Европското првенство во Словенија, во салата во Јесенице, Македонија води со 46:45 против Црна Гора.
Иако на моменти во втората четвртина губевме со 11 разлика во фуризона завршница, со тројка на капитенот Антиќ со звукот на сирената успеавме да поведеме.
Мекејлеб со 14 и Дамјан Стојановски со 11 поени се најзаслужни за водството. Во тимот на Црна Гора браќата Шековиќ, Сеад со 10 и Суад со 8 се најпрецизни кај Црногорците.