Министерот Попоски се сретна со словенечкиот колега Ерјавец

Од:

Министерот за надворешни Никола Попоски, кој учестуваше на Бледскиот стратешки форум, попладнево се сретна со шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец.

– Денешната средба со мојот колега министерот за надворешни работи на Република Словенија Карл Ерјавец се однесуваше на три клучни теми- првата, во делот на регионалната соработка, што можат земјите-членки на ЕУ да сторат за кандидатите и потенцијалните кандидати за процесот да се одвива според определена динамика која ќе овозможи сите оние кои ги оствариле критериумите да можат да одат напред. Разговаравме и за можноста за развивање и стекнување регионални проекти особено во делот на инфраструктурата. изјави за МИА, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во вториот дел, посочи министерот, се осврнавме на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија во оној дел на билатералната соработка каде што имаме потпишано договори за соработка да се обидеме да ја интензивираме неа, а во делот каде што немаме да поттикнеме потпишување на дополнителни договори за соработка.

– Третата многу значајна тема беше посветена на економската соработка. Бележиме напредок односно позитивен тренд во трговската размена, но се надеваме дека ќе видиме позабележителни резултати односно поголем интензитет на соработка особено по заживувањето на економската активност во рамки на еврозоната. Сметам дека добра можност беше паралелно со Бледскиот стратешки форум на кој учествуваа министрите од поширокиот регион и на кој се дебатираше за соработката која сакаме да ја воспоставиме, Словенија да има можност да покаже дека навистина сака да ги види сите свои соседи во поширокиот регион час поскоро во Европската унија, истакна Попоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи