Македонија може да смета на чешката поддршка во процесот на проширување на ЕУ, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на средбата со Бујар Османи во МНР.
„Драго ми е што после првата меѓувладина конференција започнаа преговите за пристапување на Северна Македонија во јули минатата година под наше претседавање со ЕУ. Се надевам земјата ќе продолжи со реформите и ќе ги донесе уставните измени. Го уверив мојот колега дека може да смета на континуирана чешка поддршка на патот кон ЕУ, нагласи Липавски на прес-конференцијата, по средбата со Османи.
Липавски потенцираше дека Македонија е пријател и НАТО сојузник на Чешка и оти се се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика, како што се цени и се забележува во сите извештаи.
„Очекуваме Северна Македонија да стане дел од ЕУ во меѓувреме и натаму ќе нудиме наша помош и соработка на тој пат“, истакна Липавски.
На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската Унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка.