(ВИДЕО) Шефот на Вагнер го предизвика Зеленски на воздушен дуел: Ако сакаш, ќе се сретнеме на небо

Од:

На социјалните мрежи се прошири видео во кое основачот на приватната воена компанија Вагнер го предизвикува украинскиот претседател Володимир Зеленски на воздушен дуел од пилотската кабина на воен авион. Шефот на озлогласената платеничка група, Евгениј Пригожин, наводно во видеото управувал со бомбардерот Су-24, кој го користат членовите на групата Вагнер.

„Володимир Олександрович, слетавме. Го бомбардиравме Бахмут. Утре ќе летам со Миг 29. Ако сакаш, ќе се сретнеме на небото. Ако победиш земи го Артемивск (Бахмут). Ако не, ќе напредуваме до реката Днепар“, порача Пригожин.

Вагнерците ги поддржуваат руските сили во источна Украина, а особено жестоко се борат во северните делови на украинскиот град Бахмут.

Соединетите Американски Држави проценуваат дека Вагнер во моментов има околу 50.000 луѓе распоредени во Украина, а дури 40.000 членови се регрутирани од руските затвори.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски