Кошаркарите на Финска и Велика Британија приредија вистинска сензација на Евробаскетот во Словенија откако во групите „Д“ и „А“, успеаја да слават над фаворитите Турција (55:61) и Израел (71:75).
Во редовите на Финска, Салин и Копонен постигнаа по 12 поени додека во редовите на Турција, Арслан постигна 12 а Керем Горлун успеја да уфрли 11 поени.
Велика Британија пак, по продолженија славеше над Израел со 71:75.
Иако имаа негатива од пет коша пред почетокот на последната четвртина (52:47), предводени од Кајрон Акара, успеаја да дојдат до изедначување пред самиот крај на средбата (66:66) а по продолженија, славеа со 5:9 и дојдоа до сензационална победа на отварањето на Евробаскетот.
Најдобар во редовите на Британците беше Кајл Џонсон со 22 поени додека во редовите на Израел, Афик Нисим постигна 17 поени.