Антиќ има проблеми со коленото, но сепак ќе игра

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ има проблеми со коленото, но тој сепак ќе настапи на денешниот премиерен дуел на Евробаскетот во Словенија против селекцијата на Црна Гора.

Антиќ поради болки во коленото бил поштеден од селекторот Алеш Пипан и не тренирал во изминатите три дена, што се чувало во тајност се до вчера, кога ги издржа двата тренинга на македонскиот национален тим и се очекува попладнево од 17,45 часот да ги предводи „црвено-жолтите“ кон првата победа на ЕП 2013.

– Имаме проблеми со Перо Антиќ. Тој не тренираше во изминатите три дена, пропушти вкупно пет тренинзи, но сега се враќа и ќе игра на натпреварот со Црна Гора – изјави селекторот Пипан.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ