Денеска од 17,45 часот македонската кошаркарска репрезентација против селекцијата на Црна Гора го игра премиерниот натпревар на 38. издание на Евробаскетот. Селекторот Алеш Пипан потенцира на изедначеноста на групата, но верува во квалитетите на нашите кошаркари.
– Не очекува ѓаволски тежок натпревар против Црна Гора. Првиот меч е секогаш тежок, а очекувам и овој да е таков, не само за нас, туку и за Црна Гора. Ќе биде неизвесен меч од почетокот до крајот, и поради тоа барам максимална концентрација од играчите. Секоја топка може да биде одлучувачка и затоа треба храбро да влеземе и да го одиграме овој прв дуел. Добро е тоа што сите се здрави и добро подготвени, па можат да го дадат максимумот. Верувам во успешен старт на Евробаскетот – изјави селекторот Алеш Пипан.
Натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора претставува своевидна реприза на првиот натпревар од Евробаскетот 2011 година, кога нашата репрезентација го оствари историскиот успех со пласман на четвртата позиција.