Поголема група луѓе меѓу кои и деца заглавила на врвот на Водно поради силниот ветер

Од:

Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако жичницата била повторно ставена во употреба.

-На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичницата, меѓутоа поради големите ветрови вработените не им дозволиле да ја користат жичницата информираат од ЦУК.

Луѓето побарале помош за симнување, посочувајќи дека биле известени од вработените во Жичарата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде се наоѓале.

По кординација меѓу ЦУК, Град Скопје и ЈСП жичницата била пуштена и луѓето биле симнати до Средно Водно. Претставници на Црвениот Крст им помагале на луѓето безбедно да се симнат надолу.

Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани, соопштија од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно