Француски цариници откриле 2,4 тони канабис во камион кој превезувал пченица од Шпанија до Холандија.
Камион кој превезувал пченица од Шпанија до Холандија бил запрен во понеделникот на автопатот, на границата меѓу Ландес и Жиронд, во југозападна Франција, соопшти во петокот Министерството за економија.
По „јасна реакција“ на кучето на задната лева страна на камионот, царинските службеници ја откриле дрогата, која била скриена во специјално прилагодени странични вдлабнатини под пченицата со која била натоварена приколката.
Запленети се 2,41 тони конопска смола и 9,75 килограми марихуана со вкупна вредност од повеќе од 19 милиони евра, се вели во соопштението.
Против двајцата возачи е поднесена кривична пријава за организиран шверц на дрога и за здружување за извршување кривично дело. Тие се во притвор.