Во пресрет на попладневниот натпревар на македонската репрезентација против Црна Гора во 1.коло од ЕП во кошарка, во земјата на противникот преовладува мислењето дека двете селекции имаат приближно исти шанси за победа со тоа што мала предност и се дава на Македонија.
Улогата на благ фаворит „црвено-жолтите“ ја заслужија поради играчите од првата петорка, додека Црна Гора според оценката на нивните медиуми има подобра „клупа“.
Оценките на играчите од стартните состави се:
плејмејкер: Лестер Бо Мекејлеб (МКД) 9 (деветка) – Тајрис Рајс (ЦГ) 7 (седмица)
бек: Владо Илиевски (МКД) 6 (шестка) – Суад Шеховиќ (ЦГ) 8 (осмица)
крило: Војдан Стојановски (МКД) 7 (седмица) – Алекса Поповиќ 6 (шестка)
крилен центар: Перо Антиќ (МКД) 8 (осмица) – Владимир Дашиќ 8 (осмица)
центар: Предраг Самарџиски 6 (МКД) (шестка) – Никола Вучевиќ 9 (деветка).
Просечната оценка на резервните играчи во македонскиот национален тим според овие бодувања е 6 (шест), а противникот е оценет со 7 (седум).
Натпреварот Македонија – Црна Гора ќе започне во 17 часот и 45 минути. Овој дуел е од Б групата која се игра во Јесенице.