Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев ќе се бори да го задржи градот Бахмут онолку долго колку што може и го повика Западот да испорача оружје со долг дострел за да помогне во туркањето на руските сили од Донбас.
– Никој нема да го даде Бахмут, кој го сметаме за наша тврдина и ќе се бориме за него се додека можеме – рече украинскиот претседател, пренесе Ројтерс.
На прес-конференција во Киев, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, тој рече дека Украина може да го задржи Бахмут и да го ослободи Донбас доколку добие оружје со долг дострел.
Украинскиот претседател додаде дека Европската унија и воведува санкции на Русија со цел да ја спречи да ги обнови своите воени капацитети.
Зеленски денеска е во Киев каде што е домаќин на претставници на Европската унија, кои претходно ветија дека ќе ја поддржат Украина онолку долго колку што е потребно, но го негираат нејзиниот брз пат кон приклучување кон европскиот блок.