Русија планира голема ескалација на војната во Украина за да ја одбележи годишнината од инвазијата овој месец, изјави за Тајмс највисокиот безбедносен функционер на претседателот Зеленски.
„Русија е земја опседната со датуми“, рече Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
„Уште од револуцијата во 1917 година се обидуваат сите нивни активности да ги врзат со посебни датуми, со годишнини. Ќе се обидат да го сторат истото како и минатата година“, рече Данилов.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва има планови да го засени одбележувањето на годишнината од инвазијата во западните земји.
Зеленски предупреди дека Русија ги собира своите војници за да „се одмазди“ на Западот за неговата поддршка за Украина во изминатата година, додека европските лидери се собираат во Киев за да спроведат нов пакет санкции против Русија.
Москва се подготвува да испрати до 300.000 војници на бојното поле.
„Пред една година сите војници беа концентрирани на границите. Но сега зборуваме за маса луѓе. Тие ги анализираа сите нивни грешки“, рече Данилов.
Изминатата година беше тешка за украинските сили, но Данилов вели дека најлошите борби допрва доаѓаат.
„Колку е потежок вашиот живот, толку подобро искуство стекнувате од него. Во последната година животот ни беше многу тежок. Претходно, воената помош беше многу ограничена. Овојпат ситуацијата е сосема поинаква. Сега ја имаме целата цивилизација светот на наша страна“, рече тој.
Данилов рече дека е само прашање на време кога западните сојузници ќе ги исполнат барањата на Украина за борбени авиони. Следните неколку месеци од војната ќе бидат одлучувачки, рече тој.
„Тешко е да се каже точно, но исходот од конфликтот ќе биде јасен оваа година. Оваа година ќе биде клучна. Исходот од конфликтот треба да биде јасен до лето“, рече тој.
Данилов рече дека очекува „максимална ескалација“ од Русија откако испрати стотици илјади слабо обучени регрути на бојното поле. Тој ги посочи бруталните борби околу источниот град Бахмут како доказ за непочитувањето на Русија за животите на нејзините борци. Тој тврди дека бројот на руските борци убиени во конфликтот е 130.000, иако западните власти проценуваат дека може да достигне и до 200.000.
„Русија е земја на некрофили, тие имаат леш во центарот на Москва“, рече Данилов, мислејќи на посмртните останки на Ленин во мавзолејот. Тој наведува дека Путин нема храброст за нуклеарна ескалација. Мислам дека нема храброст за ваков екстремен потег“, заклучи Данилов.