Германската Влада издаде дозвола за извоз на тенкови Леопард 1

Од:

Германската Влада издаде дозвола за извоз на борбени тенкови Леопард 1 во Украина, изјави денеска портпаролот Штефен Хебестрајт во Берлин, без да даде дополнителни детали.

Досега, Владата имаше одлука за одобрение единствено за испорака на модерни главни борбени тенкови Леопард 2 од воената залиха на Бундесверот.

Германскиот дневен весник Зидојче цајтунг претходно објави дека производителите Рајнметал и Фленсбургер Фахрцеугбау Геселшафт (FFG) сакаат да обноват десетици тенкови Леопард 1 и би можеле да ги достават во Украина за да се борат против Русија, доколку Киев е подготвен да ги купи.

Сепак, се додава во извештајот, досега имало проблеми со набавката на муниција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во украинскиот Торек: Фронт во центарот на градот, Русите и Украинците се борат за секоја куќа

ВИДЕО: Украина почна ненадејна контраофанзива во Курск

Катерина Ѓуровски

Русите жесто ја нападнаа Украина: седуммина повредени, оштетени згради и болница

Катерина Ѓуровски

Русите влегоа во Петропавловка

Целосен колапс на украинската армија: Одбраната „пука“

ВИДЕО: Русија на Нова година го нападна Киев

Катерина Ѓуровски