Со почетокот на второто полугодие, само неколку дена по враќањето во уличишните клупи, повторно се активираа заканите со дојави за бомби во осум скопски училишта. Според информациите на „А1он“ дојави за бомби има во училиштата „Владо Тасевски“, „Корчагин“ и „Јосип Броз Тито“ и неколку други.
Информациите ги потврдуваат и од МВР. Досега имаат податоци за дојави во осум скопски училишта.
„Денеска околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Како што дознава „А1он“, во една од пораките испратена до скопско училиште пишува дека бомбата ќе експлодира преку сателитски сигнал и дека никаков вид на блокатори не може да ги спречи. Во пораката е надевено дека поставувачите на бомби бараат исполнување на некои услови, но, досега не успеавме да дознаеме дали во пораките пишува што точно бараат.
Досега сите закани за бомби во училиштата во Скопје и другите градови беа лажни.