Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Од:

Вчера вечер околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода 43-годишниот Г.Г. и 40-годишниот М.М., двајцата од Скопје, извести МВР.

– Тие се сомничат дека во периодот од 15.00 до 18.00 часот одзеле три влезни врати од две згради на бул.„АСНОМ“. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он