(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Зад Заев многу ветени, а нереализирани проекти

Од:

Зоран Заев во двата минати мандати како градоначалник на Струмица, има голем број ветени, а неостварени проекти, оцени денеска на прес-конференција Борче Стамов, градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стамов, зад Заев  има многу празни зборови, китење со туѓи заслуги и постојано повторување исти проекти од мандат во мандат кои потоа никогаш не ги реализирал.

Набројувајќи ги ветените, а нереализрани проекти Стамов рече дека струмичкиот градоначалник пред граѓаните ветил СПА Центар Банско уште во 2005 година, за потоа и на следните избори пак го повторил тоа ветување во својата програма.Веќе два изборни циклуси Зоран Заев пред граѓаните, како што наведе Стамов,  ветува изградба на прочистителна станица во Струмица и довршување на ободниот канал.

– Досега ниту прочистителна станица направи, а уште помалку ободен канал. За ободниот канал уште во 2005 година кажа дека ги има обезбедено средствата од Владата на СДСМ, а благодарение на неговата неажурност и сомнителните бизниси, граѓаните на Струмица секоја година редовно се справуваат со штети од поплавите, посочи Стамов.

Тој додаде дека Заев не ги реализирал ниту ветувањата за  изградба на два нови булевари, старечки дом, урбано уредување на турската маала, воведување организиран јавен градски превоз, формирање бескаматен кредитен фонд за мали фирми со можност за плаќање на заемите на повеќе години, 4 јавни тоалети, изградба на цветен пазар, отварање 12 јавни паркиралишта, изградба на училишна спортска сала во ОУ Никола Вапцаров…

–  Ова се премногу лажни ветувања за еден градоначалник на Струмица кој што ги дал пред своите граѓани во изминатите два мандати. Зад овие лажни ветувања стои човек кој сега има доблест да бара поддршка од сите граѓани на Република Македонија. Ако дал толку многу ветувања кои не ги исполнил пред граѓаните на Струмица, лесно може да се дојде до заклучок колку празни ветувања ќе дава насекаде низ Македонија, рече Стамов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата