|Жена од Велико Трново се обидела да се самоубие во живо на популарната платформа ТикТок.
На видеото покажува како пие голема количина апчиња и алкохол и тврди дека планира да скокне од осми кат. Во еден момент ја снемува од видеото и друга девојка од Варна се јавува на 112, пренесува „Борба“.
Случајот започнал во неделата вечерта, а се случил во домот на жената во населбата „Кољу Фичето“ во Трново. На повикот се јавила екипа од Ургентниот центар на стариот главен град и полицијата.
Лекарите ја пренеле пациентката во Ургентното одделение на МОБАЛ „Д-р Стефан Черкезов“ пред да и се влоши состојбата, а таму станало јасно дека голтнала 20 таблети од лек за дијабетичари заедно со алкохол. Извршени се потребните прегледи и потоа е испратена во Центарот за ментално здравје.
Причината за обидот за самоубиство била љубовна мака како резултат на измама. Жената запознала маж на Интернет и добила ветувања за среќна врска. Но, се испоставило дека мажот е измамник, бидејќи и побарал 2.500 лева бидејќи имал неволја. За возврат требало да и испрати пакет со прстен, фустан и други подароци. Времето поминало, но пакетот од виртуелниот пријател никогаш не стигнал.
Жената ја сподели својата приказна со нејзините речиси 3.700 следбеници на Тикток. Благодарение на нив, таа сфатила дека станала жртва на измама, не можела да ја поднесе реалноста и посегнала по животот.