СДСМ: На Мицкоски повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство

Од:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува, како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ.Извршниот одбор (ИО) на СДСМ едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција велат од СДСМ.

– Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда. Ова истовремено претставува јасна диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ. На Мицкоски, повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство, кое го најавуваше на почетокот на годинава. Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, напротив парламентарното мнозинство на СДСМ расте. Во период кога се најреални шансите за членство на државата во унијата до 2030-та година, сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски