Бугарскиот амбасадор се врати на своите дипломатски должности во Скопје

Од:

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов им се вратил на своите дипломатски обврски во Скопје, потврдија од Министерството за надворешни работи.
Ангелов минатата недела беше повикан на консултации во Софија поради случајот Пендиков кога охриѓанецот Христијан Пендиков во Охрид беше претепан од тројца сограѓани по расправија во ресторан.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков рече дека повлекувањето на Ангелов било висок државнички чин координиран на највисоко ниво кој требало да и покаже на Македонија дека состојбата во однос на правата на Бугарите во Македонија е сериозна.

– Ние одлучивме да го повлечеме амбасадорот и тоа е координирано од највисоко ниво. Тоа е национален и правилен одговор. Таму можеби не се дава такво значење за ситуацијата, но амбасадорот Ангелов ни е неопходен тука за да се координираме. Тој би можел да се врати во Скопје кога ќе се создадат услови за тоа, односно ако започне дијалог на високо министерско ниво во кое амбасадорот по принцип учествува на тие разговори. Или ако на некаков начин разговорот на премиерите денес ги олабави односите, тогаш може да разговараме за враќање на амбасадорот во Скопје – рече Милков.

Ако се обезбедат услови за почнување на дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија или ако премиерот Ковачевски го убеди колегата Донев дека ќе се подобрат односите, амбасадорот Ангел Ангелов ќе се врати во Скопје.

Ова го истакна Милков пред телефонскиот разговор меѓу премиерите на двете земји, а кој резултираше со денешната средба меѓу министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Спасовски и Деменџиев.

Би можело да ве интересира

Исценирана дестабилизација од Мицкоски, не паѓајте на провокации: Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор

Бугарскиот амбасадор Ангелов го посети Бигорски манастир

Жарко Настоски