Жена загина денеска во сообраќајна несреќа, што се случила околу 15 часот на патот Вршац-Панчево, на влезот во селото Владимировац, кога борбено возило „Милош“ на Вооружените сили на Србија, се враќало од редовна мисија и се судрил со цивилен автомобил, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Како што се наведува во соопштението, загинатата жена управувала цивилно моторно возило.
Надлежните органи веднаш пристигнале на местото на настанот.
Истрагата е во тек.
Министерството за одбрана и војската на Србија изразија длабоко жалење за загубениот животи, пренесува Танјуг.