Расте бројот на жртви во Пакистан, во нападот загинаа најмалку 47 лица

Од:

Најмалку 47 лица загинаа во Пакистан, а уште 150 се ранети во напад на бомбаш самоубиец врз џамија, соопштија официјални лица, а пренесе Би-би-си.

Командантот на пакистанските талибанци Сарбакаф Мохманд ја презеде одговорноста за нападот преку твит, објави АП, истакнувајќи дека не може да стапи во контакт со портпаролот на милитантната организација за да го потврди постот.

Напаѓач облечен во елек полн со експлозив ја активирал направата за време на молитвата во џамија во северозападниот град Пешавар, на која присуствувале околу 300 луѓе.

Пешавар е главен град на северозападната погранична провинција Хајбер Пахтунхва и планинските области кон Авганистан, каде што бунтовничките пакистански талибанци се присутни во голем број, поради што е место на чести напади на милитантите, според АП.

Сидик Кан, полициски функционер, рече дека бројот на загинати се искачи на 47, вклучувајќи го и Нур-ул-Амин, кој ја водеше молитвата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица