Најмалку седум лица се убиени, а најмалку десет други се ранети вечерва во Eрусалим

Од:

Најмалку седум лица се убиени, а најмалку десет други се ранети вечерва во престрелка во близина на синагога во населбата Неве Јаков во источен Ерусалим. Полицијата го убила напаѓачот, пренесува израелскиот весник Хаарец. Полицијата овој напад го нарече терористички акт.

Портпаролот на Хамас рече дека престрелката е одмазда за нападот на израелската армија врз бегалскиот камп Џенин во четвртокот, во кој израелските командоси убиле седум вооружени лица и двајца цивили, што е најголем број на жртви во судирите на Западниот Брег во последниве години.

Полицијата соопшти дека вооружениот напаѓач пукал во група Израелци во соседството. Огненото оружје што го употребил е пронајдено на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите