(ВИДЕО) Мајка на убиеното момче од црни полицајци: Не дозволувајте децата да го гледаат видеото, тоа е ужасно

Од:

Петмина црни полицајци од Мемфис се обвинети за убиството на 29-годишниот црнец Тир Николс. Јавноста го чека објавувањето на снимката која веќе ја виделе членовите на семејството, нивните адвокати и истражители, а на која се гледа како полицајците го тепаат младиот човек.

Неколку часа пред најавеното објавување на снимката, семејството заедно со адвокатите се обратија до јавноста.

Мајката на младиот човек вели дека не можела да го погледне видеото и ѝ рекле дека видеото е ужасно. Затоа ги повикува сите родители да не ги пуштаат децата да го гледаат тоа видео.

„Имам многу зборови што сакам да ги кажам, но тие не излегуваат на вистинскиот начин. Сè уште тагувам и се справувам со смртта на мојот син. Ова не требаше да се случи“, додаде таа.

Нејзиниот сопруг и очувот на младиот човек изјавија дека на видеото се гледа како полицајците го клоцаат Тир како да удираат фудбал.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија