Португалскиот фудбалски тренер, Жозе Мурињо од многу одамна го стекна статусот на икона во својата работа, а нему во чест наскоро ќе почне со прикажување на анимираниот филм на една од португалските ТВ станици.
Мурињо, кој моментално е тренер на лондонскиот клуб Челзи, ќе биде главен јунак на анимираниот филм од продукцијата Спротс Старс Медиа.
Цртаниот филм се вика „Mourinho and the Special Ones“, а португалскиот тренер е главен лик на приказната во која им помага на деца од улицата да станат светски фудбалски ѕвезди.